Категории

Микс од кисел и сладок вкус: Освежувачки чизкејк со лимон! (РЕЦЕПТ)

Десерт идеален за топлите летни денови! Кремаста структура, сочна и вкусна торта за лето кога сакате да се освежите.

За кора:

  • 300 гр мелен кекс
  • 75 гр маргарин
  • малку шеќер во прав
  • чаша млеко

За крем:

  • 100 гр крем сир
  • 300 мл слатка павлака
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 1 чесичка желатин

За глазура:

  • 200 гр џем од лимон
  • 350 мл вода
  • 1 кесичка желатин

Подготовка:

направете кора така што ќе почнете со матење на маргаринот со миксер, а потоа ќе додадете кекс, млеко и шеќер во прав. Таа смеса ставете ја на дното од калапот. Потоа, изматете ја слатката павлака, па кога ќе почне да се стега додадете ванилин шеќер додека смесата не стане цврста, како шлаг.

Водете сметка да не изматите премногу, бидејќи тогаш нема да има добар вкус. Во изматената павлака додадете го крем сирот, со лесни движења најдобро со помош на лажица изматете да се соединат состојките.

Желатинот подгответе го според упатството на кесичката и додадете го во смесата и повторно лесно промешајте. Добиениот крем истурете го преку кората, а потоа ставете го во фрижидер добро да се олади. Додека се лади подгответе ја глазурата.

Џемот од лимон истурете го во сад, потоа додадете малку млака вода, најмногу една чаша. па ставете го џемот да се свари. Штом почнува да врие тргнете го од рингла. Желатинот подгответе го според упатството и додадете го во топлиот џем и промешајте. Оставете малку да се олади.

Потоа процедете ја смесата така што ќе остане само провиден, течен дел и со него прелијте го колачот во калапот. Потоа, вратете го чизкејкот во фрижидер, се заедно да се олади и стегне.

Добар апетит!

Прегледи:
991
Објавено на:
05.07.2019