Категории

Дали го гледавте новиот „Спајдермен: Далеку од дома“?

Дали го гледавте новиот „Спајдермен: Далеку од дома“?

„Спајдермен: Далеку од дома“ веќе е на репертоарот низ светските кино сали и успеа да ги надмине сите очекувања. За само 2 дена, Спајдермен во кино салите во САД успеал да заработи 160 милиони долари, а за 10 дена гобално успеал да стигне до 580 милиони долари, што е навистина неверојатно.
За филмот биле издвоени 160 милиони долари, па така неговите креатори веќе успеале да заработат многу повеќе, но се очекува овој филм да заработи уште повеќе.
Фановите и љубителите на суперхеројот се одушевени од филмот и изјавуваат дека ова е најдобриот Спајдермен филм и дека сигурно ќе мора да го гледате уште најмалку 2 пати.
Во продолжение можете да го погледнете официјалниот трејлер.