Сите сме свесни дека пушењето цигари е штетно за здравјето. Но, сепак многумина се склони кон овој порок. Одредени видови на храна може да ви помогнат во исфрлање на никотинот од телото.
Пушењето ја намалува количината на витамините Ц, Е и А. Овие витамини може да ги заштитат белите дробови од оштетување, па затоа и кога ќе престанете да пушите задолжително во вашата исхрана вклучете намирници богати со овие витами.
- Брокулата е богат извор на витамин Ц и витамин Б5. Исто така таа помага во борбата со килограмите, а препорачлива е и за трудници.
- Сокот од портокал е богат со витамин Ц и го забрзува метаболизмот на телото. Исто така, доколку редовно конзумирате портокали- помалку ќе страдате од стресот.
- Сокот од моркови е добар за кожата која исто така е оштетена од никотинот. Освен тоа морковите изобилуваат со витамините А, Ц, К и Б.
- Спанаќот е најдобриот темнозелен зеленчук бидејќи не само што е богат со витамини, туку содржи и фолна киселина.
- Калинката ја поттикнува циркулацијата на крвта. Па, ако сакате да ја намалите употребата на никотин-јадете калинки. Покрај калинки на пушачите им се препорачува да јадат и киви.
- Водата е одличен сојузник во борбата против пушењето. Според многу истражувања, ако сакате да ги откажете цигарите и да го намалите нивото на никотин во организмот- пијте многу вода, затоа што пушењето доведува до дехидратација.