Категории

По победата Ѓоковиќ се огласи: Ќе дојдам во Македонија, мора да го видам Охрид!

Вчеравечер се одржа финалниот меч на Вимблдон помеѓу најдобрите тенисери во светот Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Иако публиката не ги криеше своите симпатии кон Швајцарецот Федерер, по петчасовното драматично финале, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон во пет сета против Роџер Федерер. Федерер не реализира две меч топки при водство од 8:7 во петтиот сет. 

 

По победата на Вимблдон најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, на прес-конференцијата по натпреварот одговараше на новинарски прашања, по што рече дека ја прифаќа поканата на премиерот Зоран Заев да ја посети Македонија и изрази благодарност за поддршката од Македонија.

„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”

На новинарско прашање на новинар од „Макфакс“, Ѓоковиќ рече:

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.

Видеото со одговорите на прашањата на „Макфакс” се на 16,15 минути.