Категории

Без никакви посебни диети: Здрав и едноставен начин да добиете рамен стомак

Како да имате рамен стомак? Ова е прашањето кое често им се поставува на тренерите, нутриционистите и на сите останати личности кои можат да ни помогнат да постигнеме совршен физички изглед. Вистината е дека нашиот стомак изгледа совршено, таков каков што е. Посебно важно е дека неговиот облик не е показател за нашето здравје.

Важно е да се напомене дека не постои тежок или брз начин да се ослободите од вишокот на маснотии на тој дел од телото. Не постои ни еден начин на кој можете да ги намалите само маснотиите – прашајте професионален тренер и тој ќе ви го каже истото. Тоа се случува бидејќи нашето тело е генијална машина која паметно одлучува каде ќе ги задржи маснотиите кои во одреден момент ќе ги искористи како енергија.

Ако мислите дека вашето тело, конкретно вашиот стомак, може да изгледа подобро, доволно е да си поставите неколку здрави навики во вашата секојдневна рутина како би го направиле вашето тело согорувач на маснотии.

Во продолжение Ви претставуваме седум совети за секој ден од неделата кои ќе ви помогнат на крајот да имате рамен стомак:

Понеделник: Активирајте го централниот дел од телото

Вежбањето е клучна работа ако сакате рамен стомак, а ова е важно за да го активирате целиот централен дел од телото. Наместо стандардни стомачни, направете вежби кои вклучуваат повеќе мускули и го активираат целиот стомак, без разлика дали стоите или седите.

Вторник: Консумирајте посебна храна за стомакот

Фразата “стомачни се прават во кујна” всушност е многу точна. Храната богата со протеини, јагленохидрати и влакна ќе ве одржуваат силни и задоволни во текот на целиот ден.

Риба и јаткасти плодиви е задолжително.

Среда: Планк предизвик

Едноставни планкови треба да бидат вклучени во вашата рутина за рамен стомак. Оваа вежба ќе ги зајакне мускулите заслужни за стабилност и ќе ве припреми за HIIT тренинзите.

Четврток: Ден за протеини

Веќе знаете дека протеините се од суштинско значење за намалување на гладот, забрзување на метаболизмот и зајакнување на мускулите, па затоа конзумирајте ги што можете почесто.

Петок: Издвојте го овој ден за посебна избалансирана исхрана

Се ближи викенд и веројатно се чувствувате малку фрустрирано после тешка работна недела. Па затоа, издвојте го овој ден за посебна избалансирана исхрана која е лесна за варење и не предизвикува надуеност.

Сабота: Најспијте се

Највеќе се согоруваат мастите за време на спиење. Не се вари само храната која сте ја внесле во текот на денот, туку и мускулите ги продолжуваат метаболните процеси и се обновуваат. Исто така, кога сте ненаспани, имате повеќе желба да јадете нездрава храна.

Недела: Пронајдете го вашиот баланс

Последниот ден од неделата искористете го за одмор, но и за пронаоѓање на баланс. Научете што сакате и подгответе се за следната недела која е пред вас.

Прегледи:
547
Објавено на:
21.07.2019