Категории

Најдобриот домашен сладолед направен од само две состојки

Ако сте еден од оние кои постојано тестираат нови вкусови на сладолед во обидот да го најдат најсовршениот – тогаш можете и сами да го креирате. За најдобриот домашен сладолед во основа ви се потребни само две состојки, десет минути и малку креативност.

Ви го претставуваме најпопуларниот рецепт за домашен сладолед без јајца и други тешки состојки, кои инаку не се најдобри сојузници на високи температури.

Потребни состојки:

· 500-600 мл слатка павлака

· 1 кондензирано млеко – засладено (околу 400 грама)

Начин на подготовка:

Кондензираното млеко ставете го во тенџере и ставете го на шпорет. На пониска температура, со мешање, доведете го до точка на вриење, потоа намалете ја температурата и оставете го да се вари околу 4 минути – додека не стане густо. Оставете го да се излади.

Од друга страна, матете ја со миксер слатката павлака и направете шлаг, а потоа соединете го со изладеното кондензирано млеко. Повторно матете со миксер додека не добиете пенаста структура.

Сега, време е за вашата креативност, бидејќи смесата за сладолед е готово. Засладете по ваша желба, можете да додадете некое овошје, крем, ванила, кокос, ореви, бисквит – што и да додате нема да згрешите.

За крај, ви остана смесата да ја ставите во кутија за замрзнување или во калапи за сладолед и оставете ја во замрзнувач неколку часа.

Прегледи:
628
Објавено на:
22.07.2019