Овој вкусен оброк за целото семејство се подготвува брзо и едноставно.
Состојки:
- 350 г пилешко филе
- главица кромид
- 1 слатка пиперка
- 2 стебленца целер
- 150 мл млеко
- 100 г сирење
- 1 јајце
- сол, бибер
Подготовка:
Обарете го пилешкото филе во солена вода. Свареното бело месо исечете го на коцки. Исчистете го зеленчукот. Динстајте го кромидот на маслиново масло, а потоа додадете ги пиперката и целерот. Помешајте го зеленчукот со месото и ставете ги сите состојки во плехот за печење. Добро измешајте го јајцето со млеко и сирење, па сето тоа прелијте го преку месото и зеленчукот. Одозгора ставете рендано сирење. запечете во рерна 15 минути.