Категории

„Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење“: Најпознати мисли на Мирослав Мика Антиќ!

Мирослав Мика Антиќ е еден од најпознатите српски поети. Пред да стане познат се занимавал со различни професии – бил морнар, работел во куклен театар. Мика Антиќ освен со пишување се занимавал и со филм, новинарство и сликарство. Ова се некои од најинтересните изреки од еден од најголемите српски поети.

Својата сила ќе ја препознаеш по тоа колку си во состојба да ја издржиш самотијата.

Малку беше. Но, сепак, кога ќе погледнеш: доста е сѐ она што сме рекле и премолчиле.

Ако сега не си ти, никогаш нема ни да бидеш. Не е сѐ во свое време, туку сѐ во твоето време.

Не сонуваме сите еднакво и тоа никому не му пречи. А зошто на сите им пречи кога сме будни на различен начин?

Не се плашам од заби, забите се помеки од усните. Забите касаат само во еден момент, а усните за цел живот.

Трет пат кога ќе се заљубиш, избриши ги двете рани. Нека биде третата прва. Нека биде стотата прва, ако се дише чесно. Кога љубовта ја броиш до еден, тогаш ја има најмногу!

Реалноста е уште пореална ако и додадеш и нереално.

Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење.

Нема на светот две исти среди, два исти вторници, исти петоци. Сите нови љубови вредат на различен начин, секој пат се живее од почеток.

Не се чувствував дека си туѓа ни првиот пат кога те видов и посакав. Отсекогаш беше моја повеќе отколку што бев јас свој и повеќе отколку што си самата своја.

За мене најубаво се грижат оние кои ме оставаат на мира.

Прегледи:
1215
Објавено на:
06.08.2019