Во сезоната на патувања, со нерпение го чекаме почетокот на одморот и сите благодети кои доаѓаат со него. Далеку од дома, далеку од стресот и обврските, вистинско уживање и опуштање на сетилата. Но, за да бидеме потполно ослободени од сите грижи, неопходно е да патуваме безбедно, а домот да го заштитиме од сите можни непогоди кои можат да се случат во наше отсуство.
Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. Не знаеме што не чека на следната кривина. Најсигурен начин секогаш подготвени да ја дочекаме кривината, е да се осигураме. Со онлајн-патничкото осигурување кое ви го овозможува Сава Осигурување можете во секое време брзо и едноставно да склучите осигурување и да имате покритие од полноќ истиот ден, за почетна сума од 2 евра.
Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и максимум една година. Исто така, осигурувањето може да биде склучено како индивидуално, семејно, студентско, бизнис или групно патување. Покрај сите придобивки, Сава Осигурување се достапни за вас 24/7, добивате организација и поддршка во случаи на потреба од итна медицинска грижа, правна помош, помош со изгубен багаж при патување со авион.
Безбедното патување сепак, не може да биде и безгрижно доколку не го оставите домот во сигурни раце. Токму затоа, Сава Осигурување создаде решение и за оваа грижа. Осигурување на домаќинството претставува една од најумните инвестиции во однос на заштитата и сигурноста на домот. Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.
Осигурувањето на домаќинство ви е достапно и онлајн на следниот ЛИНК.
Патувајте без грижи, обврски и проблеми. Искористете ги деновите од одморот за вистинско опуштање во друштво на најблиските со Сава Осигурување секогаш до вас!