Категории

Како од бајките: Хобитон е вистинско место и се наоѓа во Нов Зеланд. Погледнете како изгледа!

Кога Питер Џексон ја забележал фармата „Александар“ за време на воздушното пребарување на Северниот остров за да ја пронајде најдобрата локација за снимањето на трилогијата на филмот „Господар на прстените“, тој веднаш помислил дека токму овој простор совршен за Хобитон.

Изградбата на локацијата започнала во март 1999 година, а снимањето започна во декември истата година. Сетот беше повторно изграден во 2011 година за играните филмови “The Hobbit: An Unexpected Journey”, “The Hobbit: The Desolation of Smaug”, и “The Hobbit: There and Back Again”.

Хобитон е туристичка атракција во близина на Матамата во Нов Зеланд. Селцето било изградено за снимањето на трилогијата „Хобитот“. Иако снимањето на филмот е завршено, селцето сè уште постои.