Животот на секој од нас се состои од убави моменти за кои вреди да се живее, но некаде помеѓу нив се и оние помалку убавите кои одвреме навреме се случуваат и не можеме да ги избегнеме. Иако секогаш се стремиме да се фокусираме на убавите моменти во животот, сепак, како разумни и свесни единки важно е да се заштитиме колку што можеме повеќе од несаканите последици.
Вистинското богатство на едно општество се неговите луѓе, а децата и адолесцентите како негова иднина треба да бидат заштитени на најдобар начин. Нивната заштита од незгоди е особено важна ако се има предвид дека несреќните случаи се најчесто придружени со трајни последици и предизвикуваат зголемени трошоци за лекување, боледување и слично.
Сава Осигурување како докажана и одговорна компанија меѓу своите услуги за осигурување нуди осигурување за ученици и студенти осигурувајќи ги од последици на несреќен случај при ризиците од: трошоци за лекување како последица на несреќен случај, траен инвалидитет, како и смрт како последица на несреќен случај.
Со полисата за осигурување од незгода за ученици и студенти на Сава Осигурување се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќните случаи. Осигурувањето можете да го купите и онлајн на веб страната на Сава Осигурување на следниот ЛИНК.