За време на летните месеци, колку и да се трудиме, нашето лице постојано е изложено на сончевите зраци, а кожата се суши и лупи, тенот е различен на одредени делови од лицето и појавата на брчки е зголемена. Ако посакувате „порцелански тен“ по завршувањето на годишниот одмор, ова се вистинските третмани за вас. Козметичката процедура PQ-Age и пилингот со активен карбон се најдоброто решение за вашето лице.
PQ-Age козметичката процедура му дава ефект на лицето сличен на мезотерапијата. Ова е одличен избор за оние кои бараат брзи, но ефикасни и квалитетни начини да и го вратат здравјето и свежината на кожата, заштитувајќи се од несакани ефекти и секојдневните штетни влијанија.
Нашата кожа постојано се регенерира. Старите клетки кои повеќе не можат да ја вршат својата функција се отфрлаат на сметка на новите кои постојано се создаваат. Клетките од кожата кои се заменети со нови клетки остануваат на површината и доколку оставиме да се отстранат по природен пат, потребно е многу време. Просто кажано, тоа е како преку новиот фустан да го облечете стариот, избледен.
За да ги отстраните изумрените клетки од вашето лице кои го прават тенот сив, безживотен и му додаваат години, на вашата кожа и е потребна стручна помош од професионалниот тим на Anti Aging Center by Promoitalia. Погодувате, станува збор за ANTIAGING пилингот со активен карбон! Пилингот со активен карбон ги отстранува мртвите клетки од кожата за новите слоеви да можат да се обновуваат.
V Carbon е составен од два продукти (V Carbon Fil и V Carbon Spray) кои овозможуваат среден или длабок пилинг третман, во зависност од потребите на клиентот.
Благодарение на природните ексфолијанти и антиоксиданти Ferulic Acid, Mandelic Acid и Lactic Acid со регенеративни и освежувачки квалитети и антиоксидантните компоненти Black Ginger extract и Liquorice extract кои овозможуваат прочистување и детокс.
V Carbon Spray обезбедува веднаш видлив лифтинг ефект благодарение на специфичните микронизирани хексапептиди. Добивате непосреден ефект на лифтинг и осветлување на кожата, а воедно ова е единствениот неинвазивен третман при кој се користи активиран јаглен за ексфолирачки и прочистувачки ефект кој навлегува длабоко во порите.
Закажете го вашиот термин во Anti Aging Center by Promoitallia и обновете ја темелно кожата на вашето лице.