Категории

3 лесни начини како да го освежите местото во кое живеете

Мора да признаеме дека секој од нас има тенденција да превртува низ списанија за внатрешен дизајн, како и секојдневно да размислува, како да го освежи просторот и да донесе свежина и позитивна енергија во домот, со ограничен буџет. Кога веќе имате визија за вашиот дом, сè што е потребно е малку време, многу малку ресурси и доза на креативност, што сигурно ја имате.

Искористете ги деталите што веќе ги имате
Вистинското освежување ќе биде ако го промените распоредот на мебелот и деталите во вашиот стан. Сè ќе биде ново и невообичаено, а нема да потрошите ниту денар. Одлучете во кој стил сакате да го средувате станот, а потоа побарајте предмети што веќе сте ги заборавиле. Сигурно можете да најдете некои ретро детали во куќата на вашата баба што сакате да ги обновите и да ги вклучите во вашата декорација.

Додадете малку боја
Бојадисувањето е одлична идеја ако сакате освежување што нема да ве чини многу. Изберете нијанса што совршено се вклопува со вашиот мебел, а сепак е различна од моменталната. Промената на бојата на вашите sидови ќе направи да се чувствувате сосема поубаво во вашиот дом, барем одредено време…

Поиграјте си со деталите
Деталите се сè. Соберете одредена сума пари и потоа одете на шопинг и купете нови перници, саксии со собни цвеќиња што одговараат на вашиот мебел, вазни и миризливи свеќи се секогаш добра идеја. Исто така можете да експериментирате со серија помали, врамени фотографии кои ќе го подобрат празниот простор на ѕидот. Играјте си, кога и да добиете инспирација, бидејќи понекогаш малите промени можат да направат многу за вашиот простор.

Прегледи:
500
Објавено на:
06.09.2019