Ви го препорачуваме да го подготвите овој сјаен рецепт, кој е ниско калоричен и се подготвува брзо.
За сладоледот ви е потребно:
- Една поголема замрзната банана
- Путер од бадем – 2 лажици
- Блендер
- За декорација – листови од кокос и вишни
Постапка:
Ставете ја исецканата замрзната банана и путерот од бадем во блендер и убаво изблендирајте.
Ставете го сладоледот во замрзнувач најмалку 45 минути.
Сервирајте, а потоа посипете со листови од кокос и вишни.
Друга опција е сладоледот да го ставите над веќе подготвената овесна каша и да имате совршен појадок.