Долгата коса изгледа женствено за што многу жени копнеат, сепак сите не успеваат да ја достигнат посакуваната должина.
Фризерите се согласуваат дека е можно е косата да се одржи здрава од коренот до врвовите, што ќе овозможи да не се кине, а со самото тоа побрзо ќе расте.
Здравиот скалп е клучот за здрава и силна коса. Посебна грижа треба да се води за состојбата на коренот на косата и самиот скалп.
Кога ја миете косата, проверете дали темелно сте ги исчистиле сите исушени клетки и нечистотии за да му овозможите на скалпот да дише.
Како исхраната влијае на растот и квалитетот на косата?
Здравата исхрана е исто толку важна за здравјето и изгледот на вашата коса, како и за вашата кожа.
Протеините и сложените јаглени хидрати се клучни за одржување на добар квалитет на косата, затоа проверете дали сте ги вклучиле во вашата исхрана.
Протеини ќе внесувате со консумирање риба, јајца, месо, мешунки.
И јаглехидратите се важни. Обезбедете ги преку внес на кафеав ориз, житарици или овесна каша.
„Ако пиете премногу алкохол и пушите, најверојатно ќе влијаете на вашите нивото на витамин Ц“, велат фризерите. Се препорачува во исхраната да вклучите киви, портокали и брокула.
Витаминот Д, кој се наоѓа во лиснатото зеленило и витаминот Е, кои се наоѓаат во бадемите, слатките компири и авокадото, исто така ќе го поттикнат растот на косата.
Додатоците во исхраната и дополнителниот внес на витамини можат да бидат корисни. Постојат неколку клучни хранливи материи што ни се потребни да го забрзаме растот:
Железо
Студиите откриле дека недостаток на железо погодува скоро 25 проценти од светската популација, а тоа е од суштинско значење за здрава коса.
Цинк и витамин Б12
Овие се основни состојки за коса, а додатокот Б12 е особено важен за веганите, бидејќи се наоѓа само кај производи од животинско потекло. Овие витамини помагаат во производство на нови клетки на косата.
Есенцијални аминокиселини
Аминокиселините се протеини, а нашата коса е составена од протеини, па затоа е препорачливо да се внесуваат.
Витамин Д.
Витаминот Д има силен ефект врз растот на косата, затоа што секој фоликул на косата содржи рецептор на хормонот на витамин Д
Што можете да направите за да спречите кршење на косата?
„Избегнувајте ригорозни диети и нездрава исхрана. Ограничувањето на одредена храна лошо влијае на состојбата на косата и предизвикува паѓање и кршење.