Категории

Љубов од бајките – Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се единствениот познат пар кој не доживеал нити еден скандал

Пенелопе Круз неодамна се појави на 76-тото издание на филмскиот фестивал во Венеција и уште еднаш одушеви со својата елеганција и убавина.

45-годишната шпањолка го промовираше нејзиниот најнов филм “Wasp Network”, а во куферот спакува неколку креации кои ги прошета по црвениот тепих и ја воодушеви јавноста.

Познато е дека Пенелопе е во својот брак со 50-годишниот шпански глумец Хавиер Бардем уште од 2010 година а за нивниот однос не се знае абсолутно ништо. Нивниот син Лео е роден во 2011 година а нивната ќерка Луна во 2013. Парот глумеше заедно во неколку заеднички филмови, а сите овие години нити еден скандал не беше врзан за нивниот брак.
Која е тајната за нивната долгогодишна љубов од бајките сеуште останува мистерија.

Папараците успеа да ги сликаат заедно со децата во неколку наврати, што за славен пар е навистина чудно. Познато е дека тие се запознаа во далечната 1992 година на сетот на филмот “Jamon Jamon”, а за време на снимањето на филмот “Vicky Christina Barcelona” веќе неколку години беа во врса,  а гласините за нивната љубов почнаа да се шират откако беа снимени на одмор на Малдивите. Парот во 2010 година ја призна својата љубов со изјавата.

„Ја делам својата среќа со мојата партнерка, пријателка, љубов – Пенелопе. Многу ти должам и те сакам!“ додека таа изјави дека ја пронашла вистинска среќа со актерот, а останатите детали околу нивната љубов се и понатаму мистерија. Парот не сака да споделува интимни детали околу својот живот и нивната врска.