Категории

Готово за 15 минути: Најбрзата торта со јафа бисквити

Оваа торта се прави многу брзо и лесно. Навистина, ќе ви требаат само петнаесет минути за да ја направите, затоа што не се пече, а вкусот е навистина фантастичен. Пријатно!

Состојки:

  • 400 мл млеко
  • 150 грама путер
  • 3 лажици шеќер
  • 200 грама чоколадо
  • 4 лажици џем од кајсија
  • 300 грама јафа бисквити
  • 600 грама било каков сув бисквит на парче

Подготовка:

Измешајте го млекото и шеќерот, па потоа додадете го чоколадото искршено на парчиња и путерот. Ставете ги на оган полека да се растопат, а потоа тргнете од оган и оставете да се излади.

 

Додека чекате смесата на шпоретот да се растопи, искршете го сувиот бисквит и јафа бисквитот на поситни парчиња. Во еден поголем сад ставете ги двата вида бисквити, па додадете го џемот од кајсии и сето тоа прелијте го со изладената маса од чоколада. Убаво промешајте за да се изедначи смесата.

 

Истурете ја во калап и убаво израмнете. Ставете ја да се излади во фрижидер некое време па потоа декорирајте ја тортата по желба.

Прегледи:
2476
Објавено на:
14.09.2019