Преслатки изјави на најмалите кои ќе ве насмеат до солзи. „Баба носи наочари и може да си ги изваде забите“
Бабите и дедовците имаат посебно место во срцата на најмалите, затоа што во поголемиот дел од случаите им посветуваат особено внимание и им го пружат она кое родителите иначе не би им го пружиле. Затоа децата ги сакаат своите баби и дедобци на многу посебен начин. Во своите наивни мали глави секој од нив создава многу интересна и необична слика за нив, еве што најмалите имале да кажат за своите баби:
„Баба е жена која нема свои деца. Сака девојчиња и момчиња кои се деца на други луѓе. Дедо исто така е баба, само човек. Тој оди на прошетка со другите деддовци па тие разговараат за ловење риби и други работи“
„Бабите не мораат ништо да прават, тие само доаѓаат во посета. Тие се стари па затоа не треба да трчаат и скокаат. Но можат да не водат во луна парк и мораат да имаат многу пари за да се возиме во количињата“
„Кога баба шета со нас таа многу застанува и разгледува различни работи како гасеници и лисја. Некогаш вели ајде да одиме побрзо. Бабите носат наочари и можат да си ги извадат забите!“
„Бабите не мораат да бидат многу паметни, само можат да ни одговорат на прашањата како: Зошто кучињата ги бркаат мачките? или Каде е главата на црвот?
Кога ни читаат бајки никогаш не прескокнуваат делови и никогаш не велат: Ова веќе го читавме!“„Сите треба да имаат баба затоа тоа е единствениот возрасен човек кој има време за децата“