Категории

Шампони за суво миење: Многу практични, но дали се штетни?

Шампоните за суво миење на косата се доста практични, но во последно време се појави голема конфузија околу тоа дали се штетни за косата. Иако би било лесно да се карактеризираат како лоши, одговорот не е толку едноставен.

Самиот шампон за суво миење е прилично безопасен. Ако се користи правилно, може да послужи како средство за зголемување на волуменот и текстурата на косата, особено кај оние кои немаат силна и густа коса. Клучот е во тоа да се користи онака како што треба да се користи.

Како да го употребувате шампонот за суво миење?

-Нанесувајте го само на прамените на косата, а не на цела коса наеднаш.
-Оставете го малку да одстои, многумина овде грешат затоа што не му даваат шанса да си ја направи својата работа.
-Немојте да нанесувате голема количина, уште една вообичаена грешка која се прави со шампонот за суво миење.

Дали тој предизвикува опаѓање на косата?

Доколку често го користите и не ја миењте косата правилно меѓу употреби, неговите остатоци ќе се насоберат во коренот и прамењата и тоа можи да ги затвори фоликулите што со текот на времето може да го запрат растото на косата. Да го спречите тоа, редовно мијте ја вашата коса и особено обрнете внимание правилно да го отстраните од местата каде што сте го нанеле.

Прегледи:
897
Објавено на:
16.09.2019