Категории

Едноставна чоколадна торта, готова за само 15 минути

Само 15 минути и неколку состојки се доволни за да ви го направат денот многу поубав, особено ако сте по слатките и ако чоколадната торта ви е синоним за добро расположение.

Состојки:

  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 80гр путер
  • 4 јајца
  • малку сол
  • 50гр шеќер
  • Рендана кора од портокал

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Путерот и чоколадото заедностопете ги на пареа мешајќи повремено. Премачкајте го калапот за печење со путер. Кога ќе се стопи чоколадото додадете го шеќерот и потоа во смесата додадете ги жолчките едно по едно. Белките изматете ги со малку сол. Цврстиот снег од белките полека додадете ги во смесата со чоколада. Истурете ја готовата смеса во садот за печење.

 

Печете ја тортата околу 20 минути, а кога ќе се испече, оставете ја малку да се излади. Послужете ја со сладолед од ванила и уживајте во богатиот чоколаден вкус.

Прегледи:
1213
Објавено на:
16.09.2019