Категории

Во потрага сте по вашиот негувател СУПЕРХЕРОЈ? Обратете се во Нега Центар и добијте ја соодветната нега

Секој период од животот со себе носи своја убавина, искуство, спомени… Староста како и сите други фази во животот со себе носи нови предизвици, но и време за уживање во сѐ она кое што досега сте го постигнале. Станувате многу помудри, се чувствувате удобно во својата кожа, вашите деца веќе се изградени личности, а вие имате можност да правите што сакате со вашето слободно време. Но, за да може да уживате, потребно е да се погрижите за негата на вашето ментално и физичко здравје.

Негувателите во Нега Центар свесни се за важноста од обезбедување соодветна нега за вас и вашите најблиски. Тоа се лицата кои ние ги нарекуваме негуватели, а всушност за лицата на кои им е потребна помош, тие се вистински суперхерои!

 

Зошто ви е потребен негувател?

Како и секој период од животот, така и староста има предности, но исто така и недостатоци кои негувателите ги „пополнуваат“ на соодветен начин. Улогата на негувателот во процесот на стареење е да добиете психосоцијална поддршка и да дејствува при прашања кои ги засегаат потребите на корисникот во рамките на своите компетенции. Помага во борбата со осаменоста преку бројни активности (разговор, читање
или играње на игри за забава). Се грижи за безбедноста на корисникот и го поддржува во секојдневните активности.

Тип на нега која ја дава негувателот:

Помага во извршувањето на секојдневните активности како пазарување, одржување на хигиена, подготовка на оброк и хранење, бањање, пазарување, промена на пелени, промена на постелнина, прошетки, психо-социјални активности и мониторинг на лекови.
Го придружува лицето до лекар, бањање, пазарување,
промена промена на пелени, промена на постелнина, прошетки, психо-социјални активности
и мониторинг на лекови, врши поткревање, поддршка при движење низ домот.

Знаци кои укажуваат дека негувателот треба да се погрижи за менталното здравје:

• Исцрпеност од сочувствување
• Хронична депресија
• Злоупотреба на супстанции
• Стрес и анксиозност
• Чувство на вина
• Социјална изолација
• Професионално прегорување
• Трауми

Што можат негувателите да направат за вас и вашето здравје?

1. Побарајте помош (често пријателите и семејството сакаат да помогнат, но не знаат како)

2. Вежбајте и јадете правилно (тоа го ослободува стресот и ја зголемува енергијата)

3. Дадете си одмор на себе!

4. Останете во контакт со други луѓе (социјализирајте се, одржувате ги релациите со блиските луѓе, не се изолирајте)

5. Прифаќање на сопствените ограничувања (не можеме на сите да им помогнеме, понекогаш токму нам ни е најпотребна помош)

6. Потсетувајте се дека кога подобро се негуваме себе си, стануваме и подобри во негувањето на другите!

Прегледи:
589
Објавено на:
17.09.2019