Категории

Кристијано Роналдо ја пронајде жената која му давала сендвичи кога бил дете и немал пари да плати за оброкот

Кристијано Роналдо се потруди да ја пронајде жената која работела во Мек Доналдс и му давала сендвичи кога бил дете и не можел да си дозволи да купи оброк.

Во текот на едно интервју, ѕвездата на Јувентус ја раскажал приказната: „Бевме гладни. Имавме Мек Доналдс веднаш до стадионот. Чукнавме на вратата и прашавме дали може да ни дадат бургери,“ изјавил Роналдо.

„Таму секогаш беше Една и уште две девојки. Никогаш не ги пронајдовв. Се распрашував во Португалија, го затвориле тој Мек Доналдс, но ако помогне ова интервју да ги најдам, би бил пресреќен. Сакам да ги поканам во Торино или Лисабон да вечераат со мене бидејќи сакам да им се оддолжам.“

По ова интервју, се појави жената која тврди дека е една од жените кои работеле во Мек Доналдс и му помогнале давајќи му храна.

Нејзиното име е Паула Лека, мајка на две деца.

„Ќе се појавеа пред ресторанот и кога ќе останеа хамбургери, нашиот менаџер ни даваше дозвола да им ги дадеме на децата“, изјавила таа.

„Едно од децата беше Кристијано Роналдо кој можеби беше и најсрамежлив од сите. Ова се случуваше речиси секоја ноќ во текот на неделата.

„Мојот сопруг исто така знае за ова, затоа што понекогаш доаѓаше да ме земе од работа и самиот имаше можност да ги види децата кои чекаат бургери.

„Ако ме покани на вечера, секако дека ќе прифатам. Најпрво ќе му се заблагодарам и сигурна сум дека ќе се присетуваме на тие времиња низ разговорот.“

Паула изгубила контакт со Една низ годините. Таа на својот Фејсбук профил напишала: „Не верував дека постои Карма, но после ова почнувам да верувам“.