Категории

Психолозите потврдуваат: Личностите без партнер се посклони на развивање на болести и депресија

Споделувањето на емоциите со друга личност е клуч кон здравиот живот и успехот.

Ерик Ериксон е психолог од 20 век кој човечкиот развод го поделил на 8 фази. Секоја фаза поединрчно допринесува во развојот на личноста. Со цел човекот да се развие и да формира личност, мора успешно да ја премине секоја фаза.
6 по ред е фазата, која според неговите зборови, претставува интимност и развивање на љубовни односи, и е најзначајна во развојот. Оваа фаза помогнува личноста да напредува и е блиско поврзана со успесите и поразите во иднина.

Во оваа фаза изградбата на здрав и исполнет однос е равно со успехот. Неуспехот се смета за изолација и чувство на осаменост.
Иако зборот интимност се асоцира на сексуални односи, Ериксон тоа не го нагласува. Спрема него, интимноста претставува љубовен однос во кој се бара од личностите да ги делат своите искрени емоции меѓусебно. Ериксон верувал дека оваа фаза на развој доаѓа помеѓу 19 и 40 години кога поголемиот дел од луѓето бараат љубовен партнер.

Ериксон верува дека за успех потребна е блискост и споделување на емоции со друга личност. Според него неисполнувањето на оваа фаза на развојот доведува до проблеми во иднина. Долготрајната изолација и бегање од блискоста со партнер може да биде штетна на менталното и физичкото здравје. Истражувањата покажуваат дека особите кои не се во состојба да ги споделат своите емоции и да ги делат и развиваат интимните вештини, имаат поголем ризик да оболат од кардиоваскуларни болести и да развијат депресија.