Категории

Се топи во уста: Највкусниот колач од сливи

Овој колач се подготвува едноставно и за кратко време, а и се топи во уста.

Состојки:

Кора:

  • 250 грама брашно
  • половина пакетче прашок за пециво
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама путер
  • едно јајце
  • еден ванилин шеќер

 

Крем:

  • еден пудинг од ванила
  • 400 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 200 грама павлака со 20% млечна масленост

Остаток:

  • околу 500 грама сливи
  • 10 грама шеќер
  • една лажичка цимет
  • шеќер во прав (за попрскување)

Подготовка:

Кора: Прво измешајте го брашното со прашокот за пециво. Ставете го подготвеното брашно во поголем сад и направете вдлабнатина на средина. Додајте го предходно стопениот и разладен путер, шеќерот, јајцето и ванилиниот шеќер и измешајте сè со лажица. Продолжете со месење со рака.

Одделете една третина од тестото, направете топка, завиткајте ја во

проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер. Остатокот од тестото ставете го на мрсна хартија, врз неа ставете друга мрсна хартија и наместете ја во тава со дијаметар од 19×30 см која предходно убаво сте ја набрашниле.

 

Крем: Прво измијте ги сливите, исечетете ги и отстранете ги семките. Ова треба да се направи пред да се подготви кремот, бидејќи сливите се редат на врелиот крем. Пудингот измешајте го со малку млеко. Остатокот од млекото ставете го заедно со шеќерот да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган и промешајте со подготвениот пудинг.

Вратете го пудингот да се довари. Веднаш штом ќе го тргнете пудингот од оган, додајте ја павлаката. Распоредете го кремот врз тестото.

 

Редење: Наредете ги сливите врз жешкиот крем. Нежно притиснете ги. Посипете шеќер врз сливите. Потоа посипете го циметот. Извадете го преостанатото тесто од фрижидер и изрендајте го врз сливите. Тортата ставете ја во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути. Оставете ја печената торта да се излади. Пред сечење, посипете ја тортата (по желба) со шеќер во прав.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
596
Објавено на:
02.10.2019