Момци, ние ве сакаме многу, но некои ваши очекувања се апсурдни дури и злобни. Ние сме човечки суштества и ако престанете да ги очекувате следните нешта од нас, нашата врска ќе биде многу по квалитетна и посреќна.
1.Не можеме да изгледаме атрактивно ако не ни дадете време да се средиме
Дури и кога изгледаме опуштено – крема, маскара, бронзер.. Немојте да се жалите туку седнете и почекајте да завршиме со припремањето.
2.Не можеме истовремено да бидеме слаби и со облини
Вие сакате совршено жеско тело какво 99% од жените го немаат. А останатите 1% нема да бидат со вас ако не сте Рајан Гослинг и Том Харди или некој згоден како нив.
3.Нема да престанеме да се гледаме со други луѓе ако не сме во официјална врска
Момци, мислите дека е во ред да се забавувате настрана додека изглегувате со една девојка, а таа не смее? Додека не се изјасните, опциите ќе бидат отворени.
4.Нема да престанеме да имаме машки пријатели
Заедно сме и се сакаме, но и понатаму ќе имаме машки пријатели кои во нашиот живот биле многу подолго отколку вие. Помирете се со тоа и се ќе биде во ред.
5.Не ги читаме вашите мисли
Знаеме дека не искажувате чувства, но гледаме кога нешто не е во ред. Само кажете ни каков проблем имате и ќе го цениме тоа.
6.Не можеме истовремено да ви кажеме повеќе околку нешто и помалку
Не сакате да бидиме досадни со постојаните пораки, но мислите дека не сме загреани ако не ви се јавиме. Помогнете ни да најдеме средина.