Категории

Зошто интелигентните луѓе се најсреќни кога се сами?

Дали некогаш си посакал да заминеш некаде далеку, далеку каде што нема никој и каде би живеел потполно сам? Ако одговорот е да, се чини дека си натпросечно интелигентна личност, барем така тврдат најновите истражувања.

Дали е вистина дека луѓето кои се сами се среќни?
До овој заклучок дојдоја истражувачите од универзитетот за менаџмент во Сингапур и факултетот за економија и политика во Лондон, а главната идеа била да се најде врска помеѓу местата каде луѓето живеат и колку се задоволни со својот живот.
Резултатите покажале доста интересна работа – што повисока е интелигенција кај луѓето кои живеат во градовите тоа помалку се среќни. Додека поголемиот дел од луѓето би биле среќни и задоволни кога се опкружени со приајтели, високо интелигентните луѓе најдборо се чувствуваат кога се сами.

Зошто се случува тоа?
Научниците сугерираат дека се чувствуваме непријатно во големи заедници, затоа што нашиот мозок е еволуциски прилагоден за работа во групи од максимално 150 луѓе. Што значи, колку личноста е попаметна, тоа помалце се чувствува пријатно во големи групи.
Се поставува и прашањето зошто поголемиот дел од луѓето најдобро се чувствуваат со пријателите.
Поради тоа што пријателството не усреќува, ја задоволува нашата потреба за љубов и приврзаност, дава чувство дека сме потребни и пружи прилика да ги разменуваме искуствата.
Тоа не значи дека интелигентните луѓе се несреќни со другите, туку дека наоѓаат мир и чувство на спокој дури и кога се сами. На тој начин можат подлабоко да нурнат во своето битие и светот да го гледаат од друга перспектива, а не константно да се наоѓаат во бучава и гужва.