Категории

Рецепти за вкусни домашни намази кои совршено одговараат со леб!

Многу често, едноставно спремените храни се најубави. Без разлика дали сакаме да јадеме нешто лесно гледајќи филм во нашето слободно време, или сакаме да си припремиме вкусен и брз доручек – намаз на лепче е одлична закуска за било која пригода.

Еве неколку намази кои може да си ги подготвите сами дома и да уживате во вкусот.

Италијански намаз со сирење, домат и босилек.

Состојки:

· 8 свежи лисја босилек, измиени и исцедени

· 3 чешниња лук, измиени и иссецкани ситно

· 1 рака свежо изрендан пармезан

· ½ рака сончогледови зрна

· 2 лажици (1/8 шолја) ладно цедено маслиново масло

· 6 парчиња сув домат

· 250 g павлака

· Сол и бибер по вкус

Печете ги сончогледовите зрнца на сува тава 2-3 минути. Ставете ги во сад заедно со лукот, Пармезанот и маслиновото масло и мешајте ги со миксер. Исечкајте ги доматите на мали парчиња, исечкајте го и босилекот и додајте ја павлаката, и сите овие производи ставете ги во меешавината. Мешајте со миксерот додека не се добие хомогена смеса. Ставете си сол и пипер по вкус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Жито Интеграл (@zitointegral) on


Француски туна намаз

Состојки:

· 2 конзерви туна

· 4 главици млад кромид

· ½ мек путер

· 3 исечкани сардини

· ½ исечкан магдонос

· Сол и бибер по вкус

Исцедете ја туната, и ставете ја во блендер заедно со сите други состојки. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Жито Интеграл (@zitointegral) on


Авокадо намаз

Состојки:

· 1 големо авокадо (излупено и исечкано)

· 3 чешниња лук, измиени и исечкани

· 1 мал домат

· 1 лажичка соја сос

· ½ мал кромид (ситно исечкан)

· Сол и бибер по вкус

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Жито Интеграл (@zitointegral) on


Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Секој овие намази одат преубаво со ненадминливо убавите лепчиња на Жито Интеграл!