Категории

Инстаграм доби “dark mode”: Еве како да го активирате!

Една од најпопуларните апликации во светот, а воедно и најпопуларната социјална платформа, Инстаграм, доби нов изглед кој ќе воодушеви многумина.

Според претставниците на апликацијата, во споредба со класична бела позадина, новиот изглед помалку смета на очите и заштедува батерија, бидејќи за потемните пиксели потребно е помалку енергија.

Сепак, на вашиот телефон му е потребен систем iOS 13 или Android 10 за да уживате во новиот изглед. Корисниците на iPhone можат да ја активираат функцијата “dark mode” така што во “Settings” – “Display/Brightness” на опцијата за Instagram треба да кликнат на копчето „ dark “. Истото важи и за корисниците на Android.

Оваа нова опција израдува многумина, пред сè затоа што изгледа модерно и полесно за употреба, особено во текот на ноќта.

Дали ви се допаѓа новата промена на Инстаграм?

Прегледи:
427
Објавено на:
14.10.2019