Омилениот холивудски пар доби ќерка
Актерот Рајан Рејнолдс, пред неколку часа со своите следбеници на друштвените мрежи на твитер сподели семејна фотографија од него, неговата сопруга Блејк Лајвли и нивната новородена ќерка.
Меѓутоа како што веќе сите знаеме, тој е доста хумористичен и забавен па одлучи да го сокрие лицето на нивното бебе така што нацрта насмеано смајли.
Следбениците не можеа да одолеат па возвратија со коментари во ист стил кои гласеа:
„Насмевката дефинитивно ја наследи од Блејк“
„Прекрасна семејна фотографија, дефинитивно личи на мама“
Иако изгледот на бебето не се гледа, фановите беа пресреќни од оваа објава.
Парот веќе има две деца, синот Џејмс и ќерката Инес, а името на новородената ќерка се уште не е познато на јавноста. Веруваме дека наскоро ќе ја споделат и таа информација со јавноста.