Категории

Познатиот руски психолог откри 10 сурови ВИСТИНИ кои слабите нема да ги прифатат

Рускиот психолот Михаил Лабковски преку 30 години работи во пракса, а на широката јавност му стана познат по своите остри ставови и шокантни теории. Сепак, праксата покажа дека неговото искуство и совети ги спасуваат семејствата ширум светот.

Овие мудри цитати му помагаат на милион луѓе:

1.Знаете ли која е различката помеѓу здрава особа и невротичар?
Здравата особа исто така пати, но од вистински нешта. Невротичарот пати од измислени. А ако нема за што да пати доволно, тој се фаќа за Кафка, Достоевски и шише алкохол.

2.Причината на женските проблеми не е во тоа што се однесуваат како кози. Причината е што имаат невроза која бара излез. А за овој излез ви е потребна одредена особина во однос на која би можеле да патиме.

3.Здравата особа не сака да се венча. Прво што треба да направите е да престанете да сакате да се венчате.

4.Ако човек цел свој свет го замени со друга личност, тоа значи дека тој едноставно немал свој свет.

5.Клучот на среќниот семеен живот, бракот и сексот со еден партнер е само во едно нешто – стабилната психа. Не во отстапките, компромисите – се е тоа директен пат кон кардиологија и онкологија.

6.Кога личноста има стабилна психа, може да живее со еден партнер целиот живот. И да го сака само него. Љубовта ја мериме според нивото на страдање, а здравата љубов зборува за тоа колку сте среќни.

7.Сите се обидуваат да му помогнат на детето, а на крајот се чувствуваат како лудаци кога ќе сфатат дека тоа не функционира. Ако сакате вашето дете да се чувствува добро, прво направете нешто со себе. Здравите луѓе секогаш се бираат себес, а невротичните бираат односи на своја штета и тоа е главната разлика.

8.Жената никогаш не би требала да го трпи во врската она што не и се допаѓа. Треба веднаш да разговара за тоа, а ако мажот не се промени, мора веднаш да се раздели од него.

9.Осаменоста не е одстуство на љубов од други луѓе. Таа е недостаток на интересирање за себе, и тоа од детството.

10.Единствен период во човековиот живот кога можете да го сметате за зависен и заробеник е периодот на детството кога живее со родителите. Тој период трае кратко. Во сите други случаи, престојувањето во било која врска се смета за избор на возрасна личност.

Прегледи:
677
Објавено на:
19.10.2019