Не запишал ниту една реченица, но Сократовите мудрости и денес повеќе од 2000 години подоцна се пренесуваат со внимание и почитување.
Вистинската мудрост е да знаете дека не знаете ништо.
Бидете онакви какви што сакате другите да ве видат.
Ништо нема да се промени додека не се промените самите себе.
Парите не се доблест, туку од доблеста доаѓаат парите и секое друго добро до човекот, без разлика дали е јавно или приватно.
Вложете време во сопственото подобрување преку туѓите списи.
Оние кои сфаќаат дека имаат доволно, вистински се богати.
Човекот би требал да јаде за да преживее, а не да живее за да јаде.
Не животот, туку добриот живот треба првенствено да се цени.
Сѐ се менува, ништо никогаш не останува исто.
Да се биде зафатен не е доволно. Она со што се зафатени се смета.
Не се ограничувајте на одредени делови во светот, сите истражувајте ги.
Не дозволувајте другите да мислат наместо вас.
Нека вашите зборови бидат беспрекорни.
Не возвраќајте на злото со зло, ќе се повредите себеси.
Сите души се бесмртни.
Никогаш не престанувајте да прашувате. Прашањето е почеток на мудроста.
Ако сакате да бидете добар јавач, тогаш јавнете го најлошиот коњ.