Категории

#365среќа Калтрина: „Бидете она што сте. Работете со голема љубов и страст – тоа е единствениот пат до успехот“

Убава, образована, впечатлива, но пред сѐ исполнета дама во секоја сфера од животот. Нејзиниот автентичен лик ретко кој не го препознава, а покрај прекрасниот физички изглед таа зрачи со позитивна енергија и самодоверба. Овој пат, на нашето среќно место – Бродот на среќата со задоволство пиевме кафе со Калтрина разговарајќи на повеќе интересни теми.

Кристина: Кога би се обиделе да најдеме генерална дефиниција за успешна жена тоа секако би подразбирало жена која е остварена на секое поле. Ти истовремено успеваш да бидеш мајка, сопруга, професорка по солфеж и диригирање, мејкап артистка и популарна инфлуенсерка. Токму поради тоа се наметнува прашањето – како изгледа еден твој ден и како успеваш да ги исполниш сите обврски?

Калтрина: Еден мој ден е доста динамичен и бурен. Денот е краток за да направам скоро се што сакам, меѓутоа наоѓам начин да работам тоа што го сакам, да тренирам и да поминувам време и шетам со семејството. Не е секогаш лесно да се координираат сите работи и да се најде баланс, меѓутоа веќе сум навикната на тоа темпо и се трудам колку што можам тоа да го избалансирам.

Кристина: Инстаграм во моментов е најпопуларната социјална мрежа на која се повеќе се заработува доколку најдеш начин да и се приближиш на публиката. И покрај големата конкуренција ти успеваш да се вброиш во највлијателните. Што е она што те разликува од останатите?

Калтрина: Уште од мала сум се двоела од моите врсници пошто никогаш не сум следела правила и секогаш сум го следела својот инстинкт. Секако ме разликува тоа што не сум стереотип на професорка и имам позади себе долгогодишна кариера. Веќе 13 години работам како професор и повеќе од 10 години работам како мејкап артист. Инфлуенсерството само го надополнува сето тоа што досега сум го работела и можеби тоа ме прави поразлична од другите. Исто така и фактот што сум мајка и имам семејство, на некој начин ме двои од останатите девојки што се помлади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌟🌟🌟KALTRINA🌟🌟🌟 (@______kaltrina______) on


Кристина: Среќата претставува предуслов за сите убави емоции во животот. Што те прави тебе среќна?

Калтрина: Среќна ме прават малите нешта како што е поминување време со мојот син, со семејството и со моите најблиски. Тие работи што не можат да се купат, затоа што се што може да се купи има рок на траење колку не прави среќни, а малите нешта се тие што го прават животот поубав и на крај убавите моментите во животот се она што останува во нашето сеќавање.

Кристина: Колку време посветуваш на својот изглед?

Калтрина: На мојот изглед посветувам доста време и внимание. За да изгледаш убаво треба да најдеш начин и време, а секако и финансии. Се што ќе вложиме во себе на крај се исплатува. За да бидеме комплетни нормално пред се треба да имаме внатрешна убавина а секоја жена најпрво треба да работи на себе си за да се изгради како личност. а потоа доаѓа физичкиот изглед.

Кристина: Што би им порачала на сите девојки кои во тебе гледаат идол и остварена жена? Кое е твоето животно мото?

Калтрина: На младите девојките би им препорачала да бидат автентични и да бидат она што се. Да не се трудат да бидат нешто што не се, затоа што животот е премногу краток за да глумиме или да живееме во некој друг свет. Пред се треба да се прифатиме самите себеси такви какви што сме и да бидеме оргинални во тоа што го работиме а и секако да го работиме тоа со голема љубов и страст, затоа што тоа е единствениот пат до успехот.

 

Разговорот го водешеКристина Поптрпева

ЛокацијаБродот на среќата

Стајлингivaspasovska_atelie

Прегледи:
2132
Објавено на:
31.10.2019