Односите многу брзо можат да се претворат во ноќна мора и да станат нездрави и токсични
Љубовта е прекрасна, а врската исполнета со љубов, особено на почетокот, во нашиот живот донесува среќа, радост, и задоволство.
Меѓутоа, постои фактор кој гарантира долга и стабилна врска, кој е исклучително важен, дури и поважен од самата љубов а тоа е довербата.
Еднаш кога почетната заљубеност, ќе ја заменат сомнежите и стравовите, врската станува исцрпувачка. За тоа да не се случи, многу е важно да се изгради однос полн со доверба.
Фактот дека во сите врски стапуваме со одреден багаж од минатото, кој сакале ние или не, станува дел од нашата нова врска. Без оглед дали се работи за некои трауми и неубави случки од детството, изневерувања од претходните врски, нашето минато на овој или на оној начин влијае на идните односи.
Баш поради тоа довербата е сржта на секоја врска. Таа е клучна за успех и задоволство во врската, но истовремено е и многу кревка. Еднаш кога ќе се изгуби, тешко дека ќе може да се обнови.
Довербата значи во врската да има почитување, верност и искреност. Оечкувате вашиот партнер да ги одржува своите ветувања, да ги сокрие вашите тајни и да ве поддржува и кога нештата нема да бидат убави.
Од друга страна довербата значи и разбирање на вашиот партнер, да сте спремни да му простите ако го прекрши своето ветување или договор. Потребна е доверба од двете страни, никако само еднострано за нештата да функционираат долго и квалитетно.