Категории

Најпривлечните мажи во светот живеат во овие 10 градови: Еве кој е на прво место!

Екипата на порталот “Traveler’s Digest” составила листа од 10 градови во кои живеат најпривлечните мажи.

1. Стокхолм (Шведска)

Постојат стереотипи дека станува збор за емотивно дистанцирани мажи, но естетски, не може да се занемарат нивните атрибути и висина.

2. Њујорк (САД)

Се смета за еден од највозбудливите градови на светот кому токму мултикултурализмот му овозможува долга листа на атрактивни мажи.

3. Амстердам (Холандија)

Тие се повисоки од просечните Европјани, софистицирано облечени и вистински џентлмени.

4. Лисабон (Португалија)

Сестрани, образовани и големи патриоти. Најчесто се високи, спортски градени и харизматични.

5. Буенос Аирес (Аргентина)

Аргентинките се наоѓаат на листата помеѓу најубавите жени, но ни мажите не заостануваат. Секси, сензуални, љубители на спортот.

6. Сиднеј (Австралија)

Мажите од Сиднеј важат за шармантни, духовити, интелигентни, паметни и силни мажи.

7. Мадрид (Шпанија)

Познати и како латино љубовници, затоа што се паметни, секси и романтични.

8. Берлин (Германија)

Еден од културно најразличните градови во Европа. Мажите претендираат да бидат интелектуалци кои уживаат да ги забавуваат жените со приијатна конверзација.

9. Милано (Италија)

Еден од најмодерните градови во светот, каде најмногу се прати модата. Жителите на Милано се познати по златниот тен и желбата за флертување.

10. Тел Авив (Израел)

Во непосредна близина на Медитеранското море, мажите од Тел Авив пленат со шарм и убавина.

Прегледи:
618
Објавено на:
06.11.2019