Категории

Поради овие лоши машки навики жените се спремни да прекинат врска и брак

Овие навики би можеле да бидат кобни за двајца партнери

Луѓето во долгогодишни врски и бракови знаат дека секоја љубовна приказна има свои успони и падови. Секоја врска има свои убави и среќни моменти полни со нежност и романтика, но и такви напнати ситуации кога владее несогласување и тензија.
Флексибилноста и подготвеноста на компромис е исклучително важна за успешноста на секоја врска, а особено кога ќе пристигнат тешките времиња. Со помош на отворена обостарана комуникација, ќе можете да ги усогласите сите проблеми во врската.

Од друга страна, тоа нема да биде возможно ако едната страна има постојана потреба да биде во право. Иако оваа лоша навика често се карактеризира како „машка“, постојат и многу жени кои „патат“ од истата.
Ако партнерот чувствува дека постојано мора да биде во право, нема да биде спремен да ја сослуша другата страна, нема да сака да го критикува своето однесување и мислење, а врската порано или подоцна ќе заврши со разделба.

Психолозите се согласуваат дека во љубовта, успешни парови се оние кои можат да го контролираат своето его, да ги надрастат своите незрели сфаќања на животот и оние кои се спремни со партнерот да ја планираат својата иднина.

Прегледи:
393
Објавено на:
10.11.2019