Категории

Домашна маска за мрсна коса

Дали имате чувство дека вашата коса се мрси премногу бргу?

Природен процес е косата да се измрси. Мастите спречуваат нашата коса да се исуши и да стане кршлива. Сепак, многу луѓе се вознемирени од чувството и појавата на мрсна коса, што може да биде вистинска непријатност особено кога носиме капи за време на есен и зима.

 

За да го спречите прекумерното мрсење на косата, подгответе домашна маска за коса од лимон.

 

За оваа маска ви е потребно сок од два лимони, една жолчка и една лажица арганово масло. Измешајте ги сите состојки заедно и нанесете ги на скалпот. По дваесет минути, исплакнете ја маската со шампон и млака вода.

 

Маската не ја нанесувајте премногу често за да не го исушите скалпот премногу и да предизвикате првут.

Прегледи:
801
Објавено на:
12.11.2019