Категории

Шерон Стоун со порака до девојките: „Вашите гради не се мерило за сексапил“

Освен што важи за една од најубавите дами кои некогаш жареа и палеа во Холивуд, таа поседува и висок коефициент на интелигенција по кој отсекогаш била препознатлива.

Додека нејзините колешки со сила се обидуваа да го запрат времето, Шерон Стоун денес со својата 61 година изгледа подобро од повеќе од нив, дури и без шминка.
Затоа што задоволството, среќата и самодовербата се најдобрата шминка која една жена може да ја носи.

Актерката која често споделува фотографии без шминка и во прилично опуштено издание на својот Инстаграм профил изјави:
„Не се обидувам да бидам најзгодна на светот. Во одреден миг почнувате да се прашувате што всушност е секси. Тоа не е само колку вашите гради изгледаат совршено, работата е во тоа да бидете присутни, да се забавувате и да се сакате себеси доволно“ – сподели Шерон.

„Девојките треба да сфатат дека нивниот задник и гради не се мерило за сексапил, она што е навистина секси е самодовербата, ведрината и начинот на кој се носат со предизвиците во животот“ – порача таа.

Прегледи:
674
Објавено на:
21.11.2019