Категории

Спиењето на стомакот е…

… толку удобно, но според експертите, ова е исто така најлошата положба за спиење.

Всушност, дури може да биде и штетно! Спиењето на стомак е најмалку препорачливо. ‘Рбетот не само што е постојано во искривена положба, што не е ниту удобно, ниту здраво, туку оваа позиција предизвикува немирен сон. Да не ги спомнуваме и напнатите мускули на вратот, рамената и грбот кои можат сериозно да влијаат на расположението и да предизвикаат непријатност.

 

Кога спиете на стомак, обично ја свртувате главата на едната страна затоа што не можете да спиете со лицето надолу на перницата. Кога главата е свртена на едната страна, ‘рбетот не е во нормална положба и затоа се извршува поголем притисок на вратот. Решение? Инвестирајте пари во (трудничка) перница што е многу удобна за гушкање. Кога ќе се завиткате околу перницата – секое колено на едната страна – вашата карлица е поддржана, што спречува колковите да се вртат во неправилна положба, што пак ќе предизвика болка во долниот дел на грбот.

 

Дали има и друга причина зошто никогаш повеќе да не спиете на стомак? Годишно жените трошат многу пари на добри производи за нега на кожата за да го одржат својот младешки изглед колку што е можно подолго. Ако кожата се притиска на перницата цела ноќ, не и правиме никаква услуга.

 

Прегледи:
508
Објавено на:
22.11.2019