Националната опера и балет ви ја најавува моќната изведба на најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.
На 27 ноември со почеток во 20 часот публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.
Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев.
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Емир Нухановиќ (Босна и Херцеговина).
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.