Категории

Да бидеме хумани: На оваа мајка и на нејзините двајца синови им е потребна помош!

Ова се Ристе и Владе, и мајката херој Лиле. Ристе и Владе се целосно неподвижни, и целосно зависни од грижата на нивната мајка, и луѓето околу нив. Таа од сопствен џеб плаќа негувателка (иако се потребни најмалку двајца) која доаѓа и секој ден го споделува нејзиното бреме.


Иако државата досега би требала системски да се погрижи за нив, никој сѐ уште го нема решено нивниот поблем.

„Стреата на куќата треба да се направи, затоа што доаѓа зима, па тоа ќе направи огромна разлика во нивниот дом. Понатаму, на оваа мајка и треба машина за перење и сушење алишта, зашто самата многу пати пере на рака, покрај сѐ друго што работи, може да замислите. Сега во петок треба да заминат на бања, а им недостасуваат пари (600€) за двајца негуватели кои би патувале и престојувале со нив таму. И, нивна тековна потреба е да се плаќа уште еден негувател кој би доаѓал и би се грижел за нив покрај мајка им и негувтелката која веќе работи со нив. Тоа чини околу 200€ месечно. Затоа, ако некој од Вас има на срце да притекне на помош, нека не се двоуми да ме контактира мене, или Ацо. И, да, споделете, не кошта ништо!“, вели во неговата објава на Фејсбук профилот Отецот Филип Иванов.

Прегледи:
710
Објавено на:
28.11.2019