Категории

Науката потврди: Мажите се плашат од паметни жени

Најновото истражување открива шокантни сознанија за мажите кога е во прашање изборот на партнерка

Теоријата дека мажите се плашат од паметни жени е поткрепена од најновата студија на полските економски теоретичари.
Целта на научниците била да се предвиди дали на еден партнер ќе му се допадне другиот во однос на интелигенцијата и физичките предиспозиции.
Научникот кој го водеше целиот прокет под покровителство на Економскиот факултет во Варшава, истражуваше резултати во кои учествуваа 500 студенти кои беа ставени на тест во вакви состаноци.
После секој состанок, тие требало да се изјаснат за тоа дали би сакале да ја видат личноста повоторно. Исто така, требало да го оценат својот соговорник од 1 до 10 во однос на интелигенцијата и изгледот.

Еве кои биле резултатите:
Веројатно нема да ве зачуди, но жените се определиле за згодни мажи. Сепак, тие не го одбиле секој физички непривлечен маж, впрочем, ако некој од нив бил интелигентен но физички непривлечен, тој сепак имал добри шанси кај нив.
Резултатите откриле дека жените би сакале повторно да се видат со некој кој е убав и паметен, но нивната одлука многу повеќе влијаела атрактивноста отколку интелигенцијата.

Истражувањата покажале дека жените не се толку пребирливи како мажите. Кога мажите им дале оценка 4 за изглед, а 2 за интелигенција резултатот бил дека најверојатно не би сакале да изглезат повторно со таа жена, што кај жените не било случај, што доведува до заклучок дека мажите многу повеќе го ценат изгледот отколку интелигенцијата.

Исто така жените кои имале оценка 6 за убавина, а 7 за интелигенција, имаат помалку шанси да бидат избрани од оние кои имаат 6 за убавина, а 2 за интелигенција.
Заклучокот вели дека жените кои се многу паметни имаат помали шанси да бидат избрани отколку жените кои се подеднакво привлечни, но помалку паметни.

Прегледи:
622
Објавено на:
09.12.2019