Да го обоиме светот портокалово и да ја подигнеме свеста за насилството врз жените е целта на кампањата која започна на 25-ти ноември, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
Како медиум сакаме да ставиме посебен акцент на ЗБОРОТ како ОРУЖЈЕ во текот на одбележувањето на „Шестнаесет дена активизам против родово насилство“ за подигнување на свеста на меѓународно ниво, со цел да се раздвижат активностите за да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата во светот“. Бидејќи жената многу често е понижена, омаловажена и напаѓана вербално.
Дали вербалното насилство е насилство? И тоа како! Моќта која тој ја носи ЗБОРОТ може да биде употребена како мелем и како нож. Зборот може да убие. Да убие нечиј дух, да убие нечија насмевка, да убие нечија самодоверба, да убие нечија желба за живот.
Затоа, драги жени и девојчиња, не заборавајте:
Ти си посилна од секоја закана упатена кон тебе!
Ти си повредна од секој омаловажувачки збор упатен кон тебе!
Ти си посреќна бидејќи знаеш дека нивните зборови не значат ништо!
#НемаОправдување и нема молк за било кој лош збор упатен кон жените!