Категории

Претераното размислување е изворот на сето твое страдање

Размислувањето за нешто што било или што допрва ќе се случи само го продлабочува чувството на незадоволство и не оддалечува од реалниот живот, кој се одвива само СЕГА.

Современиот човек боледува од една тешка болест, која службено не се смета за болест за тоа што ја имаат голем дел од луѓето.
Се работи за компулзивно или претерано размислување, тој внатрешен глас кој постојано негодува, критикува и ја врти истата приказна е извор на нашето страдање. Тој не не труе само нас одвнатре и околината туку и планетата во која живееме. Притоа, не ослабува енергетски и не исцрпува. Време е конечно да станеме свесни за тоа.

Екхарт Тол вели дека нашиот ум може да биде многу корисен инструмент, но и деструктивна сила. Денешниот човек, за жал, се поистоветува со своите мисли, не сфаќајќи дека неговата вистинска природа не се крие во мозокот, туку во длабочината на неговото битие. Дури и 80 до 90 посто од нашите мисли се потполно непотребни, вели Тол.

Размислувањето за нешто што било или што допрва ќе се случи само го продлабочува чувството на незадоволство и не оддалечува од реалниот живот, кој се одвива само СЕГА.
Тол не учи дека не постои нити минато нити иднина затоа што единствено можеме да го доживееме сегашниот миг.

Реален е само сегашниот миг, а минатото и иднината се психолошко време.
Еднап кога ќе ја разберете оваа мисла, вашиот живот може засекогаш да се промени.