Еве на кои начини мажите ја искажуваат љубовта кон својата партнерка
Многу жени стануваат фрустрирани и загрижени кога нивниот партнер не е вокален кога е во прашање искажувањето на љубовта и поврзрзаноста.
Меѓутоа, мажите се поинаку кроени од жените. Жените се природно вербално по експресивни од мажите. Мажите, од друга страна, кога е во прашање покажувањето на љубов, нивните дела секогаш зборуваат погласно од нивните зборови.
Еве кои се најчестите докази дека партнерот навистина е заљубен во вас:
Ве води со него во друштво на семејството и пријателите
Кога ќе почне гордо да ве покажува на неговото семејство и пријатели тоа е знак дека има сериозни намери со вас.
Останува во контакт со вас цело време
Кога две личности се грижат еден за друг и ужуваат во заедничкото време, не им треба посебна причина за да останат во контакт. Кога вашиот партнер ви се јавува само да ве праша што правите, тоа е знак дека постојано сте му на ум.
Физички ви е близок
Може само да ги држи рацете околу вас, или едноставно да лежи на каучот и да ве гали. Неговите намери да остане физички блиску до вас се јасен знак дека сака да биде близок со вас затоа што му е убаво вашето друштво.
Спремен е на компромиси
Кога мажот е заљубен, тој сака да ја усреќи својата жена. Дури и ако понекогаш мора да ги жртвува своите интереси за доброто на врската.
Што и да правите сака само да е во ваше друштво
Не се грижи ако мора да оди со вас во шопинг, или да ви прави друштво кога барате роденденски подарок за вашата пријателка затоа што тој едноставно сака да поминува што е можно повеќе време покрај вас.
Тој навистина ве слуша
Без оглед на тоа што кажува, деталите се битни. Кога мажот се сеќавата на ситните детали за вас како омилената чоколада или филм, тоа е знак дека ве слуша и ве цени и се грижи за вас.
Ве прашува за совети
Кога мажот во вас гледа како на животен партнер, тој го смета вашето мислење за исклучително важно.