Категории

Невообичаена новогодишна елка која секој ќе посака да ја има во својот дом: Лесно и брзо направете ги најубавите новогодишни украси

Прекрасна и уникатна идеја за новогодишната елка … Овие украси лесно можете да ги направите сами!

Миризливата еко новогодишна елка која го освои целиот Интернет, а вие може да ја имате во вашиот дом многу лесно.

Оваа елка преставува совршен избор за празницична декорација, бидејќи покрај прекрасниот мирис што ќе го донесе во вашиот дом, таа е многу декоративна и уникатна.

Украсите од сушени портокали се лесни за правење и забавни, а вашиот дом ќе мириса на портокали долго откако ќе ги направите.

Со остар нож, исечете ги портокалите на парчиња со дебелина од околу 5 мм. Поставете ги на хартиена крпа за да ја апсорбираат влагата, а потоа наредете ги во сад за печење обложен со хартија за печење и печете ги околу три часа на околу 100 степени. Превртувајте ги парчињата портокали неколку пати за време на печењето за рамномерно да се исушат од обете страни.

Кога портокалите целосно ќе се исушат, вметнете тенко јаже низ парчињата и вашата уникатна лента за елката е подготвена.

Ако сакате парчињата портокал можете да ги премачкате со лак. Можете да нанижете и разни украси, топчиња или сушени парчиња јаболка на лентите.

Закачете ги лентите со исушени портокали на елката, а потоа додајте различни украси во вашата омилена боја.

 

Прегледи:
758
Објавено на:
15.12.2019