Денеска ја славиме Св. маченичка Варвара и св. Јован Дамаскин.
Света Варвара се роди во Хелиопол, за царувањето на Максимијан. Татко и беше незнабожец. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек.
Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите.
Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.
Денес Црквата го слави и свети Јован Дамаскин.
Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.