Супер едноставен, брз и неверојатно вкусен рецепт кој ќе го обожавате во овие студени зимски денови
Ледената зима може слободно да настапи, веќе сме подготвени, имаме напиток кој ќе не грее. Овој рецепт е комбинација од двете омилени состојки: чоколадо и вино, па кој би одолеал?
Додека надвор паѓаат снегулки, огнот фрла искри во каминот, на телевизија е омилената серија а топлата чоколада во рацете, можете ли да си замислите поубава зимска вечер?
Еве како да го подготвите овој вкусен напиток:
Состојки:
-1 и пол шолја млеко
-1/3 темна чоколада
-1 шолја црно вино
-Marshmallows, цимет и чоколада во прав или шлаг како додатоци по ваш избор
Подготовка:
Полека загрејте го млекото и чоколадата во мал лонец. Во меѓувреме мешајте за да не загори. Смесата треба да стане малку кремаста, потоа додадете го црното вино и добро промешајте.
Уживајте!