Категории

„Дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе изгрее“: Најпознати мисли од Виктор Иго за љубовта и животот

Виктор Иго, писател, поет, драмски писател, бил еден од најзначајните претставници на романтизмот во Европа. Иако во Франција е познат како еден од најзначајните поети, во други земји се познати неговите романи. Иго бил активен и во политичкиот живот во Париз. Се смета за водечка фигура во историјата на француската литература и политика, која не само што допринела за романтизмот во Франција, туку и стекнал меѓународна слава поради заложбите за Третата република и демократија во земјата.

Ова се некои од неговите најинтересни мисли.

„Мажот има само една сигурна љубов – љубовта на својата мајка.“

„Кога не би постоеле жените, дијамантот би бил само обичен камен.“

„Соништата создаваат иднина.“

„Дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе изгрее.“

„Да знаеш, да мислиш, да сонуваш. Тоа е сѐ.“

„Не е тешко да бидеш добар, тешко е да бидеш праведен.“

„Првите денови Бог ја создал жената, а поради нејзиното задоволство карминот.“

„Првата љубов е многу голема и многу мала.“

„Она што го води светот и го носи напред не се локомотивите туку идеите.“

„Зборовите се игли со кои се прицврстуваат мислите.“

„Не е страшно да се умре, страшно е да не се живее.“

„Нема ништо помоќно на светот од идеите до кои дошло самото време.“

„Мажот не го задржуваат во домот децата, туку мудроста на жената.“

„Љубовта не познава средина: уништи ја или спаси ја.“

„Љубовта е бесмртно и бесконечно жариште во нас, кое ништо не може да го ограничи и ништо не може да го изгасне.“

„Длабоко сум убеден дека мртвите живеат сѐ додека живите мислат на нив.“

„Колку повеќе знае човекот, толку повеќе пати.“

„Оној кој размислува не може да биде невработен. Работата може да биде видлива и невидлива.“

„Подобро да верувате во сѐ отколку да не верувате во ништо.“

Прегледи:
3283
Објавено на:
26.12.2019