Пожарникарите кои се на терен во последните 24 часа го опишуваат денот како еден од најлошите во историјата.
Австралија е земја во која живеат над 300 000 македонци. Цели градови се евакуирани и илјадници луѓе, деца, фармери, туристи се оставени да стојат во водата во океанот и да чекаат војската да дојде и да ги спаси, бидејќи немаат каде да одат. Целата инфраструктура е уништена, немаат струја и вода.
Некои од нив успеаја да отпловат сами до најблискиот брег, со алишта на грбот. Досега познати се 24 жртви. Стотици пожари се надвор од контрола, оставајќи 1200 куќи уништени. 500 милиони животни се мртви.
Помош почна да доаѓа од САД, Канада и Нов Зеланд кои испратија вода за пиење и пожарникари. Сите владини, невладини и волонтерски служби се мобилизирани.