Категории

Еден ден ќе сфатиш кои луѓе не смееш никако да ги испуштиш од својот живот

Ќе сфатиш дека тоа се вистинските луѓе кои не смееш да ги изгубиш поради некои глупости, и мораш да платиш висока цена за да останат во твојот живот затоа што нивното присуство е вистински вредно.

Ќе го сфатиш тоа после поврзувањето со луѓе кои биле покрај тебе само затоа што си им требал. Ќе сфатиш дека сите тие прекрасни лица чија близина некогаш си ја барал не се гаранција дека се такви и одвнатре и дека она што некогаш те воодушевувало сега ти изгледа како празен надворешен сјај. Ќе сфатиш дека е голема разликата помеѓу луѓето кои влегуваат во твојот живот иако сите тие изгледаат потполно еднакви.

Еднаш ќе сфатиш дека постојат луѓе за кои вреди вистински да се жртвуваш затоа што тоа се луѓе кои во тебе ќе го поттикнат она најдоброто и колку лоши особини да поседуваш, никогаш нема да те поистоветуваат со нити една од нив. Ќе сфатиш дека луѓето кои вистински се грижат за тебе не се како оние кои само се мешаат во твоите лични работи, туку тоа се луѓе на кои вистински им е важно што се случува во твојот живот и сакаат да го направат подобар а ти да станеш својата најдобра верзија на себеси.

Еднаш ќе сфатиш дека постојат луѓе за кои зборовите се повеќе од зборови, чиј молк е повеќе од тишина, затоа што тоа се луѓе кои вистински разбираат што се случува во твојот живот, без да ти даваат празни совети што треба да правиш а што да избегнуваш. Ќе сфатиш дека постојат луѓе кои нема така лесно да ти го завртат грбот и да заминат затоа што тоа се луѓе кои поминале многу животни препреки и знаат што е вистински важно и знаат кога треба да се борат за некоја личност.

Ќе сфатиш дека постојат луѓе покрај кои се чувствуваш убаво и кога молчите, и без разменување подароци, без скриени намери, затоа што тие луѓе ти ја даруваат својата душа. Ќе сфатиш дека тоа се вистинските луѓе кои не смееш да ги изгубиш поради некои глупости, и мораш да платиш висока цена за да останат во твојот живот затоа што нивното присуство е вистински вредно. Тоа се луѓе на кои им е грижа за тебе, не за твојот изглед и надворешност, не за твоето богатство, туку она што се наоѓа најдлабоко во твојата душа.

Прегледи:
504
Објавено на:
11.01.2020